Снегот кој од утрово паѓа во Охрид, засега не предизвикува поголеми проблеми. Главните градски сообраќајници и критични места во градот се проодни и редовно се одржуваат од страна на дежурните служби на ЈП „Охридски Комуналец“.

Дежурните екипи веднаш излегоа на терен, по претходно дефинирана динамика, приоритет и ситуацијата на терен. Со целокупната расположива механизација се расчистува снежната покривка од коловозите до населените места кои се наоѓаат на повисоките места, главните прометни сообраќајници и централното подрачје. Веднаш е интервенирано и на пешачките зони, тротоари и пристапни патеки од висок приоритет. Снегот се отстранува машински, а во исто време се интервенира со абрзивни средства, соопшти ЈП „Охридски Комуналец“.

Екипите остануваат во мобилна состојба во текот на целиот ден, ќе се интервенира според можностите и во поширокото градско подрачје и населени места, за да се обезбедат неопходните услови за безбедно движење на возила и пешаци, информира јавното претпријатие.

Г.М.