Натпреварот Охрид – Тиквеш од 12 коло од Супер лигата, закажан за денеска, ќе почне 1 час подоцна од предвидениот термин, односно во 19:30 часот, соопшти домаќинот на натпреварот.

Причина за доцнењето се лошите временски услови кои предизвикаа доцнење на официјалните лица на мечот.

Натпреварот Охрид – Тиквеш е клучен за двете екипи, а од исходот ќе зависи од која позиција и колку бодови  ќе пренесат во плејофот.

Г.М.