Снежниот бран од регионот, вечерва пристигна во Македонија. Снег вечерва паѓа и во Охрид.
АМСМ соопшти дека на планинскиот премин Ѓавато е воведена забрана за движење на тешки товарни возила, поради снег на коловозот. За останатите видови на возила се препорачува употреба на зимска опрема.
Според информациите добиени од Ј.П. Македонија пат сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по претежно влажни коловози. Слаб снег паѓа на Попова Шапка, Стража, Дебар, Битола, Македонски Брод и Железнец, кој не се задржува на коловоз. Врнежи со поголем интензитет на снег, кој се задржува на коловоз, има во Маврово, Крушево, Буково, Плетвар и Ѓавато.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.
OhridNews