Снегот кој од попладнево паѓа во западните краишта од земјава, како и во охридско, предизвикува проблеми во сообраќајот.

Од 21:30 часот воведена е целосна забрана за сите видови возила на патниот правец Струга – г.п Ќафазан, додека забрана за тешки товарни возила има на патните правци:

Маврово – Дебар
Тетово – Попова Шапка (за сите останати задолжителна употреба зимска опрема (ланци))
Гостивар – Кичево (Стража)
Битола – Ресен (Ѓавато)
Охрид – Ресен (Буково)

Од 21:20 часот сообраќајот на магистралниот пат А3 Охрид – Ресен преку превојот Буково е нормализиран за патнички возила, информира АМСМ.

Г.М