Снегот предизвика хаос во соседна Бугарија. Како што пренесуваат тамошните медиуми, десетици илјади жители денеска останале без електрична енергија по обилните врнежи од снег што ја зафатија земјата.
Властите во Бургас и планинското место Габрово прогласиле вонредна состојба, а во поголемиот дел од земјата во прекин е сообраќајот на автопатиштата. Повеќе планински премини се целосно затворени, а блокирано е и познатото црноморско летувалиште Варна.
OhridNews