Детски џагор одекнува над населбата Бејбунар. Од утрово голем број санки јурат низбрдо, додека родителите уживаат во свежиот воздух.
Фали само повеќе снег за забавата да биде потполна, но и вака е добро зошто и тревата е разлизгана, а и со најлон супер е.
Снегот дојде во последните денови од распустот. Утре учениците се враќаат во школските клупи, назад на секојдневните обврски.
Г.М.