Поради временските услови МЈП – Проаква соопшти дека најавената интервенција на водоводната мрежа која беше планирана за денеска се одложува.

– Денеска нема да има прекин во снабдувањето со вода, изнформираат од Проаква.

Како што соопшти претходно јавното претпријатие, со интервенцијата која се одложува до подобрување на временските услови,  треба да бидат опфатени улиците: „Македонски
Просветители“ од потегот „Даме Груев“ до поштата, „Димитар Влахов“,
„Цар Самоил“, „Коста Абраш“, „Ванчо Николески“, „Кузман Јосифоски –
Питу“, „Серафим Китаноски“, „Старашо Пинџур“, „Војдан Чернодрински“,
„Мите Богоески“, „Климент Охридски“, „Методи Патчев“, “Петар Чауле“ и
дел од „Климентска“.

Ohridnews