Охрид уште една ноќ минa под снежна покривка. Според податоците од метеролошката служба снежната покривка во Охрид изнесува 25 сантиметри. Сообраќајот се одвива исклучително отежнато и во зимски услови поради врнежите од снег во целата држава.

Најмногу снег викендов падна на Попова Шапка 63 сантиметри ,52 сантиметри на Маврово, 26 во Крушево, 18 во Скопје, Крива Паланка и Битола, а најмалку, до 4 сантиметри, во Гевгелија.

фото : Михаил Постоловски