Минималната снежна покривка која ја зафати источната ривиера од Охридското Езеро ги изненади надлежните задолжени за одржување на патиштата, велат жителите на Љубаништа.
Тие информираат дека и покрај тоа што на патот има сосема малку снег, утрово автобусите кои се обраќаат на редовната линија Охрид-Св. Наум не стигнале на крајната одредница. Поради тоа дел од учениците од Љубаништа денеска не отидоа на училиште во Пештани, а работниците се снаоѓаа кој како знае и умее да стигнат на работните места, се жалат од Месната заедница во село Љубаништа.
Автопревозниците кои ги контактиравме не информираа дека патниот правец Охрид –Св. Наум во горните делови не е исчистен од снегот поради што тие не се во можност да сообраќаат. И покрај обидите, не успеавме да стапиме во контакт со надлежните од „Македонија пат“ за да не информираат каква е состојбата на патиштата во охридско.
фото од архивата на Ohridnews