Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот, информираат од АМСМ.

Снег со среден интензитет паѓа на планинските превои Стража, Ѓавато, ПЛетвар, во Битола, К.Паланка, Делчево, Д.Капија, Удово, Гостивар, Крушево, Павлешенци, Кочани, Делчево, Смојмирово и Маврово.

Забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци крак Маврово–Дебар и Гостивар–Кичево преку Стража, се уште се на сила.