Во текот на ноќта врнежи од снег има речиси на сите повисоки места и планини во земјата, како и на планините Галичица и Јабланица околу Охридското Езеро. Температурата утрово во 6 часот изнесуваше 2 степени Целзиусови. Времето денека ќe биде умерено до значително облачно со слаб локален дожд, а на планините локално со слаб снег. Максималната дневна температура во Охридскиот регион ќе достигне до 8 степени, информира УХМР.
Во петок ќе преовладува слично време.Променливо облачно, кон крајот на денот со врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува умерен јужен ветер.Температурата во Охридскиот регион ќе се движи од 2-10 степени.
Во сабота не очекува претежно облачно време со врнежи од дожд, на планините од снег. На места врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Во недела, ќе биде сончево и потопло, а на места температурата ќе достигне до 15 степени.
OhridNews