Врнежите од дожд што започнаа во текот на ноќtа на повисоките места утрово преминаа во снег, кој засега не предизвикува поголеми проблеми во одвивањето на сообраќајот. Снег утрово има на планинскиот премин Буково. Патот Охрид – Ресен е прооден, а сообраќајот се одвива во зимски услови, поради што на возачите им се препорачува исклу;ителна внимателност.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, информира АМСМ. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Во попладневните часови врнежите ќе престануваат и ќе ги има само во јужните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утре не очекува сончево време со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, а во североисточните делови ќе има услови да проврнува слаб снег. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Во Охридскиот регион минималната температура ќе се спушти до -1, а дневната ќе достигне до 9 степени Целзиусови, информира УХМР.

OhridNews