Денеска ќе преовладува променливо облачно време со слаби врнежи од дожд и снег, а ќе има и услови за појава на замрзнат дожд. Повеќе врнежи ќе има во западните и југозападните делови. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во Охридскиот регион врнежите главно ќе бидат од дожд. Максималната температура ќе достигне до 7 степени, информира УХМР.

Во сабота не очекува сончево време со умерена облачност и релативно високи температури кои на места ќе достигнат до 15 степени.

Нови врнежи се очекуваат во недела. Претпладне ќе биде умерено облачно, а кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд.

OhridNews