Денеска ќе преовладува променливо облачно време, во попладневните часови ќе има локални слаби врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во ноќните часови врнежите насекаде ќе преминат во снег.

Поради нагло спуштање на многу студена воздушна маса од север во текот на ноќта ветерот значително ќе засили. Утре преку денот ќе дува силен североисточен ветер, чија брзина на места ќе достигнува од 90 до 100 км/час, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Температурите викендов ќе отпаднат за околу петнаесет степени.

OhridNews