Во утринските часови од првиот ден на новата година се очекува Македонија да потпадне под влијание на влажен и студен воздушен бран и се очекуваат врнежи претежно од снег и ниски температури, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Врнежите ќе бидат умерени, а наместа во јужните и западните делови пообилни.
Во среда попладне облачноста ќе се намали и врнежите ќе престанат, но ќе се задржи променливо облачно и многу студено време. Особено студено ќе биде в четврток изутрина, кога најниската утринска температура се очекува да биде од мунис 13 до минус пет степени Целзиусови.
Променливо облачно време со услови за слаб локален снег и благо затоплување се очекува во петок и сабота.
ohridnews