Охрид со 4 степени Целзиусови вчера беше меѓу најтоплите градови во Македонија. Охридско беше еден од ретките региони каде немаше снег вчера, но затоа прекрасно бели беа падините околу планинските превои Пресека и Стража.


Зимска идила – Стража

Метеоролозите предвидуваат обилни врнежи од снег на територијата на целата држава од денеска попладне. Слично време не очекува и утре. Студено со екстрмно ниски утрински температури во одредени краишта до -17 се очекуваат во понеделник. Мало затоплување ќе има кон средината на наредната недела, а веќе во петок се очекуват нови врнежи од снег.

Ohridnews