За време на викендот подрачјето на Македонија ќе биде зафатено со влажен и студен бран кој ќе предизвика да има појава на врнежи од снег не само на планините туку и на пониските места. Наместа ќе се формира снежна покривка. Температурите ќе опаѓаат уште повеќе, најниски дневни се очекуваат во недела, кога на повеќе места ќе се задржат под нулата, информират од Управата за хидрометеоролошки работи.


Галичица побеле

Во недела минималната температура ќе се задржи од -7 до -1, а дневната од -5 до 2 степено. Постудено ќе биде во понеделник кога минималната температура ќе се спушти до -11, а максималната дневна ќе достигне 3 степени. Во вторник минималната температура ќе се движи од -6 до нулата, додека максималната дневна ќе се движи од 2 до 6 степени Целзиусови.

фото: Васко Бујароски