Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Слаб снег провејува на планинските премини Стража и Буково, како и во Маврово, но не се задржува на коловозот, информира АМСМ.

Поради појава на магла, видливоста на планинскиот премин Стража е намалена на 20 – 50 метри, а во Битола од 50 – 100 метри.