Утрово Охрид осамна под зимска покривка. Иако таа е незначителна, едвај неколку милиметри времето е исклучително студено. Во 10 часот во Охрид е измерена температура од -5 степени Целзиусови. Во текот на денот времето ќе биде студено, а максималната дневна температура ќе достигне -2 степени.
снежно и студено време во Охрид
Студено време проследено со екстремно ниски минимални температури ќе се задржи и во наредните неколку денови прогнозираат синоптичарите. Врнежи од снег се забележани во западниот дел од Македонија, а и покрај интеревенцијата на службите за расчистување, на коловозите има остатоци од снег. Поради тоа на возачите им се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.
ohridnews