До недела ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд и снег во пониските, а само снег на повисоките места и планините.
Најавените нови врнежи и пред се силниот ветер кој се очекува да дува во текот на денешниот ден неповолно ќе се одрази на состојбата во загрозените подрачја на охридско-струшкото крајбрежје. Најкритично е во Пештани, Калишта и Радожда каде се изградени насипи за заштита од поплави. Околу 10 000 вреќи со песок се поставени и во централното градско подрачје на Охрид, покрај реката Дрим во центарот на Струга, а се најавува изградба на нови насипи на места каде за тоа ќе има потреба.