Иако од неговата смрт не мина ниту половина година, страстите околу поделбата на имотот на трагично починатиот актер Робин Вилијамс сеуште не се смируваат. Дури и може да се каже дека се во својата кулминација. Вдовицата Сузан Шнајдер уште во декември поднела тужба против неговите деца, сакајќи така да се избори за својот дел од наследството.

 

Медиумите пишуваат дека Зек, Зелда и Коди имотот на својот татко не сакаат да го остават на Сузан, бидејќи сметаат дека таа ги сака само неговите пари. Сузан била трета сопруга на актерот и со неа потпишал предбрачен договор бидеќи двата разводи го чинеле вртоглави 30 милиони долари. Изненадната смрт на Робин Вилијамс ги растажи неговите фанови жирум светот, а умре на 64 години.