Поради ненадејната смрт на албанскиот амбасадор во Македонија, Владимир Прела, кој почина синоќа  од срцев удар во неговиот дом во Тирана, разговорите за изнаоѓање на решение за проблемите во средношколскиот центар во Струга, најавени за дененеска се одложуваат.

Според најавите, денеска требаше да се разговара за компромисно решение и враќање на учениците на настава од утре. Сега останува неизвесно дали учениците Македонци кои една недела ја бојкотираат наставата во средните училишта „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“, утре ќе дојдат на настава.

Ohridnews