Смртта на 27-годишниот хрватски ракометар Денис Тот е резултат на насилна смрт објави Телма, врз основа на информации добиени по обдукцијата. Според докторите од Судска медицина удар во главата, односно повреда на мозокот е причина за смртта на ракометарот.
Потврда за Телма има и од Скопското обвинителство, кои биле веќе усно известени и ја чекалe целосната документација за да отворат предмет. Од доказите ќе зависи квалификацијата на делото, дали ќе биде убиство или насилство со смртни последици.
Инволвирани биле три лица, од кои две, дечко и девојка, се веќе приведени, а третиот е во бегство. За случајот биле обезбедени и видео снимки, од кои се гледа дека, сега починатиот и останатите учесници во тепачката биле во исто друштво во ноќен клуб во парк. Кога тргнале да си одат, се степале, по што Тот паднал во бесознание, а останатите си заминале.
Телото на младиот ракометар го видела една од вработените во дискотеката и веднаш повикала Брза помош.
Денис Тот почина вчера претпладне на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување КАРИЛ.
OhridNews