На повидок е уште една фимска таканаречена рецикалажа. Овој пат телевизијата Фокс најави снимање серија според акциониот трилер „Смртоносно оружје“. Популарниот филм, чиј прв дел е прикажан во 1987 година со Мел Гибсон и Дени Гловер во главните улоги, се придружи на низата долгометражни остварувања кои се адаптирани во филмски серии.

 

Според американските медиуми, Фокс веќе договори снимање на пилот епизода чиј продуцент ќе биде студиото Ворнер Брос, а автор на сценатиото Мат Милер. Серијата ќе има сличен заплет како и филмот, но ни Гловер ни Гибсон нема да ги репризираат своите познати улоги. На основа на приказната за двајца полицајци од Лос Анџелес, Мартин Ригс и Роџер Мерто, од 1987 до 1998 година снимени се четири филма во режија на Ричард Донер.