Мал но смртоносен вид медуза се спушта полека но сигурно крај источниот брег на Австралија со зголемувањето на температурата на водата, предупредуваат стручњаците за мориња, пренесува „Макфакс“.
Речиси невидливата медуза ирукандџи, која има тело со големина од еден квадратен сантиметар но краците можат да достигнат должина и до еден метар, обично се среќава во топлите води во близина Каимс.
Сепак, таа по неколку години и можела да дојде до пренатрупаните плажи на Сончевиот брег (Sunshine Coast), повеќе километри појужно, предупредува професорот Џејми Сејмур од Универзитетот Џејмс Кук.
„Сведоци сме на зголемувањето на температурата на морињата за еден до два степена крај брегот на јужниот дел, а животните како и што предвидувавме се движат според тоа“ вели Сејмур.
Оваа седмица четири лица се хоспитализирани откако наишле на споменатата медуза кај Фрејзер ајланд. Тие се во стабилна состојба.
Само две лица починале во неодамнешното минато поради допир од оваа медуза во Австралија, но десетици секога година завршуваат во болница.
Сејмур, кој во неколку наврати имал блиски средби со оваа медуза, вели дека болката е неверојатна и дека кај постари лица може да предизвика срцев удар.
„Тоа е ниво на болка од десет на скалата од десет, и трае 6 до 12 часа“, предупредува Сејмур.
Оттаму, на пливачите им советува да носат пливачко одело кое го прекрива целото тело кај Големиот корален гребен и во северните води крај државата Квинсленд.
OhridNews
извор: „Макфакс“