Источната кинеска провинција Анхуи е погодена од опасниот вирус EV71 кој предизвикува висока температура, парализа и оток на мозокот. Надлежните воведоа мониторинг на ширењето на вирусот од кого досега починале 19 деца и се проширил во населението.


Во болницата во градот Фујанги од овој вирус се лечат уште 269 деца, а вкупно се регистрирани 915 случаи.

Светската здравствена организација (WHO) на родителите им препорачува да избегнуваат децата да ги носат на јавни места, да внимаваат на хигиената и почесто да ги мијат рацете.


Против тој вирус не постои соодветен лек, па лечењето е фокусирано на избегнување на компликации како што се менингитис и откажување на работата на срцето.

EV71 во последните години се појавувал во југоисточна Азија и во некои источноевропски земји.