Македонија го држи неславното високо 5-то место според бројот на починати од Корона со над 1.200 починати на еден милион жители. Рамо до рамо со Италија и со другите најкризни региони. Здравствениот систем беше пред колапс, а од Ковид центрите излегуваа податоци дека нема кој да им помага на пациентите и умираат за малку кислород. Кои се пропустите на здравствениот систем во време на Ковид, дали се работи за лош протокол, дали за грешки во лекување или нешто друго, погледнете во документарниот филм на Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија.

OhridNews