Инаку конгресот на педијатри, чиј работен дел започнува денес, е од меѓународен и интер-дисциплинарен карактер. На конгресот ќе треба да се направи пресек на состојбата во сите три дела од „детското“ здравство (примарен, секундарен и терцијален) од стручен и епидемиолошки аспект.
„Моменталните статистички параметри во Македонија се задоволителни“ вели Николовски. „На пр. детската смртност од едни ужасни параметри во шесеттите па и деведесеттите години, во денешно време е двојно па и тројно намалена. Од 36 промили смртност кај новороденчиња во 1990 сега е 13 промили. Вакциналниот опфат е речиси 98 отсто“ додаде тој.
Сепак, општа оценка е дека сме сеуште далеку од светските трендови во европските земји, каде на пример смртноста кај новороденчињата е максимум до 5 промили. Намалениот животен стандард, лошите услови, слабата опременост на повеќето здравствени установи, ниските плати на здравствениот персонал се причини за заостанување зад европските просеци. Новите реформи во македонското здравство би требало да подобрат сликата за еден од најранливите сегменти во нашето општествено живеење.