Според најновите податоци, во разорниот земјотрес во Турција животот го загубија 35.418 лица, а во Сирија најмалку 5.800 луѓе. Речиси 100.000 се повредени.

Земјотресот погоди 13 милиони луѓе, вклучувајќи околу седум милиони деца. Повеќе од 200.000 луѓе учествуваат во потрагата и спасувањето.

Близу 20.000 повредени се на болничко лекување. Во десет турски провинции, заедно со спасувачките напори, намерно се уриваат оштетените згради, а урнатините се расчистуваат.

Во меѓувреме продолжуваат „чудата„ и десеттиот ден од земјотресот. ТРТ утрово јави дека седумдесет и седумгодишната Фатма Гунгор е извлечена од урнатините 212 часа по разорниот земјотрес. Таа беше спасена од Адијаман.

OhridNews