Спорот со Грција околу името на Македонија за Светскиот Македонски конгрес-СМК, е завршена работа, беше речено на денешната прес конференција на општинскиот огранок на организацијата во Охрид. Со референдумот спроведен во 1991 година македонскиот народ и сите други граѓани кои живеат во Македонија се изјаснија за уставното име Република Македонија без никакви придавки или додавки, рече потпретседателот на СМК-Охрид, Љупчо Маркоски.
СМК и тогаш, а и сега во целост ја оспорува времената спогодба што ја потпишаа тогашните министри за надворешни работи на двете земји со која се промени државното знаме и името на Р, Македонија.
Имено Р. Македонија нема проблем во однос на името, а Грција нема ниту историско ниту политичко право да бара промена на уставното име на нашата земја. Дури и да влеземе во НАТО не смееме да се откажеме од уставното име.Името на Р. Македонија претствува државен и национален идентитет во кој се сплотени интересите на сите граѓани и на сите институции во земјава. Во однос на ова прашање нема алтернатива и нема цена како и можност за дискусија, се вели во соопштението на СМК-Охрид.