„Smiling Sling“, инвентивен пронајдок измислен во Сиднеј од мајка и личен тренер Николинка Крстаноска-Блажеска, по потекло од Пустец, Мала Преспа, е се попопуларен помеѓу мајките во Австралија, бидејќи им овозможува вежбање со своето бебе.
Овој пронајдок овозможува еластичната корпа за чување на бебето да се користи за разни вежби од страна на мајките, пренесуваат австралиските медиуми.
“Имам поминато многу време со мајки во салата за вежбање и секогаш размислував дека мора да постои начин да вежбате и да го држите бебето безбедно, и токму така дојдовме до дизајнот.”- изјави Николинка Крстаноска-Блажеска за австралискиот „news.com“
Николоинка Крстаноска Блажеска неодамна регистрираше светски патент и се подготвува „Smiling Sling“ да го понуди на глобалниот пазар.
Извор:„News.com.au“
Фото: „The Daily Telegraph“