Виктор Смилевски на митингот во Скопје успеа да го собори рекордот стар 15 години на охриѓанецот Александар Маленко во дисциплината 100 метри слободно.

16 годишниот член на клубот Скопје од Скопје делницата ја исплива за 53,21 секунда додека рекордот на Маленко изнесуваше 53,62 секунди и го подобри за 41 стотинка.

Надежниот пливач митингот во Скопје го заокружи со уште еден рекорд и тоа на 50 метри слободно. Тој само го подобри својот рекорд за 20 стотинки откако стариот изнесуваше 24,15 секунди.

Мх.П.