Очигледен е фактот дека на само четири дена до изборниот молк Ногачески е разобличен од неколку аспекти.
Прво неговата т.н искреност и транспарентност која мака мачи  да ја манифестира се прикажа како минорна со оглед на фактот дека на ниту едно од поставените прашања од наша страна не даде одговор, рече на денешната прес конференција кандидатот за советник за Дебрца од ВМРО ДПМНЕ, Јован Смилески. 


– Но ние ја знаеме ваквата негова страна која веќе сега добро им е позната и на пошироката јавност. За неговата политичка нестабилност и променливост не сакаме ни да коментираме. Народната вика прво согледај во сопствениот двор па после во туѓиот, а токму според тоа се негира и неговото домаќинско работење. Но, кога веќе Ногачески спомнува чист образ со неверување се прашуваме дали Ногачески има доживеано амнезија?
Па затоа го прашуваме јавно колкави хонорари има земено Ногачески за проекти и дали воопшто тие проекти се реализирани? Каде ги потроши 153.750,0 денари префрлени на приватната сметказа фиктивен проект? Ова лие чистиот образ на Ногачески?, Дали 153.750,0 денари е цената за која Ногачески ја менува политичката определба?, праша Смилески.

Смилески изрази надеж дека одговорите Ногачески ќе ги даде до денот на изборите.

OhridNews