Еден Белгиец, кому му преседнале непрекинатите поскапувања на електричната енергија ја платил годишната сметка за струја со 215 килограми кованици кои ги превезол со помош на количка.
Патрик Џенсен со количка, во придружба на полицијата, дошол до шалтерите на Electrabel за да го подмири долгот.
Со овој симболичен чин сакал да искаже поддршка на се побројните сограѓани кои се одрекуваат од многу нешта за да можат да ги платат сметките за струја и плин.
Службениците на Electrabel прифатиле да ги примат кованиците, сакајќи да изразат разбирање спрема оваа „духовита акција“, изјавила претставничката на компанијата.