Американскиот претприемач Мајкл Смит води судски спор со телекомуникациската компанија “AT&T” бидејќи му издала сметка од милион долари, која му е направена, како што вели, со измама.
Смит вели дека во 2009 година некој влегол во телефонскиот систем на неговата компанија и направил сметка од 900 000 долари со повици во Сомалија.
“AT&T” од Смит побарува оштета од 1.15 милиони долари. Смит вели дека во повеќе наврати од “AT&T” барал да се поништи сметката, што компанијата не го направила. Тој рекол дека ако биде приморан да ја плати таа сметка, неговата компанија ќе се затвори и четиринаесет вработени ќе останат без работа.