Возач на автомобил, кој го оставил својот автомобил во јавна подземна гаража во центарот на Луксембург, веќе пет години не доаѓал по него, а тоа би можело да го чини околу 50 илјади евра, рекол директорот на гаражата. Доколку сака да си го земе автомобилот, сопственикот ќе мора да плати паркинг за пет години. Цената за еден ден паркирање изнесувала 26,90 евра. Директорот додал дека единствено што знаеле е дека автомобилот бил таму веќе пет години, бидејќи секој ден ги попишувале регистарските таблички на сите автомобили кои останувале на паркингот.
Управата на гаражата не помислувала да повика полиција, бидејќи автомобилот бил прописно паркиран и сопственикот можел да дојде по него штом ќе ја плати сметката. Автомобилот бил марка citroen BX и бил регистриран во Франција, а бил паркиран на третото ниво на подземната гаража во која имало 335 паркинг места. бил прекриен со дебел слој прашина.