Со решение на министерот за култура, Илиријан Беќири, од функцијата директор во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ е разрешен дипломираниот режисер и актер Горан Стојаноски.
На негово место како што бевме информирани од Министерството за култура, е поставена Ружица Наумоска- вработена како економист во Центарот за култура. Наумоска ќе ја извршува функцијата вршител на должност в.д. директор на Центарот за култура, до објавувањето на конкурсот за избор на нов директор на оваа научна институција.
Од Министерството за култура не ги соопштуваат причините за смената на Стојаноски, кој пак денеска немаше информации дека повеќе не е директор на Центарот за култура.