На седница на Управниот одбор на јавната установа Национален парк „Галичица“, што треба да се одржи деновиве (најверојатно денеска) ќе дојде до смена на раководителот на ова претпријатие.
Како што веќе објави ohridnews, неодамна УО на националниот парк распиша конкурс за избор на нов раководител, без да го разреши актуелниот раководител Андон Бојаџи. Членови на УО велат дека имало причини за смена на Бојаџи, кој пак вели дека тие нему официјално не му биле соопштени.
Како што дознаваме на местото на Бојаџи, на раководната функција во НП „Галичица“, ќе дојде дипломираниот менаџер по туризам Зоран Ангелоски, кадар на НСДП.
ohridnews