Медитацијата е одлична работа, но често едноставно немаме доволно време или можност да бидеме сами доволно долго за мирно да можеме да медитираме. Ново истражување спроведено на Универзитетот Лома Линда покажало дека постои едноставна и ефективна алтернатива – смеата.

Корисното влијание на смеата е познато одамна, а истражувањето спроведено врз студентите на кои мозочните бранови им се снимале со електроенцефалограм за време на гледањето на духовни, смешни или вознемирувачки видео содржини.

Се покажало дека за време на гледањето смешни видеа во мозокот доаѓа до појава на гама бранови, истите кои се постигнуваат за време на медитацијата, додека гледањето духовни видео содржини произведувало повеќе алфа бранови кои се поврзуваат со одморот.

Вознемирувачките видео содржини влијаеле на зголемување рамни бранови кои инаку се појавуваат кога се чувствуваме нервозно.

Истражувачите објаснуваат дека гама е единствената фреквенција која има влијание на сите делови од мозокот, па така всушност го иницијализираме целиот мозок кога се смееме. Во таа состојба мозокот е потполно синхронизиран, што предизвикува појасно размислување, подобрена концентрација и задоволство.

Најдобрата работа е фактот што колку повеќе се смеете, толку повеќе бенефиции ќе чувствувате, велат научниците кои тоа го споредуваат со вежбањето.

Покрај тоа, смеата е одличен антидепресив, помага во борбата против воспаленија и го намалува ризикот од срцеви заболувања.

 

извор:metro-portal.hr