Нешто повеќе од две илјади долари кои ги донираше ТВ кралицата Oprah Winfrey на американскиот претседателски кандидат Barack Obama предизвика бура на реакции во САД, првенствено од страна на новинарите кои сметаат дека популарната и многу влијателна водителка не би смеела да се меша во политика, кога веќе ја одбила претседателската кандидатура на која ја наговараа нејзините многу славни пријатели.


Опра

Како би ја оправдала својата донација од 2,300 долари која ја даде на тимот на претседателскиот кандидат Barack Obama, Oprah Winfrey гостуваше во шоуто на Larry King, што е прв доказ дека ја вознемириле бројните негативни натписи за споменатата донација, бидејќи таа ретко се појавува во емисиите на своите колеги. „Моите пари нема ништо да променат. Мојата поддршка нему нему вероватно му вреди повеќе од било кој чек што би го напишала“, изјави Oprah, повикувајќи ги своите гредачи да обрнат внимание на пораките и вредностите кои ги промовира Barack Obama.

Сем неа, иста сума (најголема законски дозволена) имаат донирано Jennifer Aniston и Halle Berry, па затоа американските медиуми полемизираат за тоа колку е поштено ѕвездите да се мешаат во изборните кампањи на нивните омилени претседателски кандидати.

Сепак, без разлика на големото општествено влијание тие не влијаат многу на изборот на американските гласачите.
Обидите на Pearl Jam, R.E.M., Madonna и многу други не успеаја да ги наговорат своите сонародници да не гласаат за George Bush, кој на крајот го доби вториот преседателски мандат.