Француската модна куќа Унгаро и кинеската фирма Омејт, дизајнер на хардвер и софтвер, направија „смарт“ кој е поврзан со смартфоот и вибрира во моментот кога лицето кое го носи добива порака или телефонски повик. Прстените ќе бидат изработувани во две варијанти, од сребро и од 18-каратно злато, и на врвот ќе имаат голем скапоцен камен, топаз, оникс, опалит, сафир или рубин.
Во зависност од варијантата на прстенот, цените се движат од 500 до 2000 долари, објавија медиумите. За таа цена, освен парчето накит, се добива и можност за поврзување на прстенот со направа која функционира под ејпл оперативниот систем ИОС, кој наскоро ќе биде компатибилен со оперативниот ситем Андроид. Уредитите ќе бидат поврзани преку бежичната технологија BLE (Bluetooth Low Energy), која му овозможува на прстенот автономна работа од пет дена.