Властите на Јамајка и наредиле на шпанска компанија да ја намали висината на хотелот кој се гради, бидејќи авионите не можат сигурно да слетуваат на аеродромот во Монтего Бај. Премиерот Брус Голдинг изјавил дека четвртиот кат на трите хотелски згради не бил предвиден во градежните проекти.


Но, во компанијата РИУ велат дека дополнително е побарана и добиена дозвола за изградба на четвртиот кат. Голдинг наредил да се изврши истрага поради сомневање за корупција на одговорните од Св. Џејмс кои одобриле градба на хотелскиот комплекс од 700 соби.