Службите за безбедност на вода на вежбата што се одржа денеска на малото пристаниште во центарот на Охрид демонстрираа професионализам и подготвеност за справување со кризни ситуации. На вежбата во која беа вклучени припадници на специјалната полиција, СВР Охрид, спасувачките тимови на црвениот крст, професионалната противпожарна служба, медицински тимови и капетанијата на пристаништата, се симулираше пожар во пловен објект во кој има повредени лица.

OhridNews