Како што соопшти МВР, во мај 2009 година, откако од страна на Државен инспекторат за труд било донесено Решение за забрана за работа на УО „Милениум“ бидејќи во објектот биле затекнати две лица кои работеле без договр за работа и без социјално осигурување, пријавената со свој потпис и печат заверила пријави за задолжително социјално осигурување на двете лица и ги внела во компјутерска евиденција како истите да се вработени и социјално осигурани пред изрекувањето на забраната. По ова, сопственикот на објектот ги приложил во прекршочната постапка.
извор:МВР