Охриѓанецот Ристе Ристески кој неодамна потпиша договор со најголемата српска продукција „Гранд“ и стана бренд амбасадор на „Слим Лајн Клуб“, ги изненади своите македонски фанови со изведба на рефренот на една од најубавите балади од Владо Јанески.
Имено, Ристески деновиве снимаше ексклузивна фотосесија со младиот талентиран фотограф Дарио Королија во новиот елитен ресторан „Парк“ во градскиот парк во Скопје, а своето слободно време во паузите од снимањето го искористи за да сними видео со кое ги поздрави сите своите македонски фанови.
Станува збор за легендарната песна „Некогаш и негде“ која е дел од албумот „Има нешто посилно од се“ на Владо Јаневски, издаден од Авалон продукција во 2002 година.
OhridNews