По повод 10 годишнината од постоењето на Стоматолошката Ординација “Д-р Сашо Стоев“ беше изработен музички проект со слоганот – “Зошто насмевката е уметност“, на иницијатива на Д-р Сашо Стоев, а со цел подигнување на свеста за убавата насмевка и потреба за позитивна енергија кај луѓето денес. По тој повод беше изработен синглот “SMILE“ кој го изведува Боби Мојсовски, текстот е на Марија Филева Стоев, музиката е на младиот талентиран гитарист Мартин Милески, а аранжманот е на Димче Китрозоски.
-„SMILE не е мој официјален сингл, но е сигурно музички проект на кој ми беше навистина драго што бев дел од него. Им благодарам на луѓето кои ме поканија да учествувам во ова дело. Нумерата изобилува со љубов и позитивност. Се надевам дека сите ќе уживаат во неа како јас кога прв пат ја слушнав и за време на снимањето. Љубовта, позитивната енергија и убавите работи се нешта кои, по мое мислење, секој човек ги посакува и го исполнуваат… Сакајте се, смејте се и уживајте во животот“.- вели Мојсовски.
OhridNews