Британски слуга во Бекингамската палата предизвикал штета од 80 000 евра, превртувајќи количка со пијалоци на тепихот кој бил поставен само два дена претходно. Го промениле скапоцениот тепих во собата со слики голема 50 квадрати. На несреќниот слуга му паднало тркало од количката.


– На работниците им требаа три дена за да го постават тепихот кој траеше два дена. Никој не можеше да верува – рекол изворот од палатата.

Искористиле парче од тепихот кој го подготвиле доколку некогаш им затреба. Не мислеле дека тоа ќе биде толку брзо. Хонорарниот слуга носел топли напитоци на колегиум од персоналот.