Прогласени победниците од Европскиот куп во параглајдинг во дисциплината прецизно слетување што се одржа во Охрид.

Во машка конкуренција најуспешен беше Матијаз Слуга од Словенија, додека неговиот сонародник Јака Горенц го освои второто, а трето пласиран беше Властимир Клинчарев.

Во женска конкуренција победничка беше Маркета Томашкова од Чешка, второпласирана Кетрин Девос од Франција и третопласирана Шпела Крнц.

Наградите на најуспешните им ги врачи градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

Европскиот куп го одбележа присуството на врвни параглајдеристи кои се вбројуваат во топ три на светската ранг-листа, односно 15-тина од топ 20. Значајно е што овој натпревар дава високи бодови за светскиот ранкинг.

Слуга и Томашкова победници на Еврпски куп во параглајдинг

Охрид беше домаќин на 53 параглајдеристи од неколку европски земји. Настанот беше во организација на Воздухопловна федерација на Македонија и клубот „Fly Ohrid“, а под покровителство на Општина Охрид.

Н.С.Ј.

фото. А. Момироска