Случувањата во Собранието од 24-ти декември минатата година, ќе бидат споменати во извештајот за земјава кој го подготвува известувачот на Европскиот праламент, Ричард Ховит. Ова следи по барање на членовите на Комитетот за надворешни работи, кои со низа замерки бараа да биде вметната политичката криза во извештајот.
Тој во текот на вчерашниот ден, пред Комитетот ја презентира првата верзија од извештајот. Во неговото обраќање, тој негирал дека некој од опозициските пратеници биле приведени на 24-ти декември, но потенцирал дека постоеле информации за тројца повредени.
Исто така, Ховит се согласил со предлогот на Нејтс-Ујтеброк за нашата земја и Грција, односно Бугарија да делат заедничка историја и личности. До 28-ми јануари, членовите на Комитетот за надворешни работи ќе можат да поднесуват амандмани на предлог-резолуцијата за Македонија, додека втората расправа е закажана за 25-ти февруари.
Инаку, шефот на дипломатијата на Македонија, очекува земјава од еврокомисијата да добие позитивен извештај за добрососедство, како би се отвориле вратите за датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ.
OhridNews