Основниот суд Охрид ги осуди на ефективна затворска казна од по 8 месеци И.С. И.Б., обвинети за претепување на охриѓанецот Христијан Пендиков.
Судот делото го квалификуваше како тепачка со тешка телесна повреда, посочувајќи дека мотивот “омраза” не е докажан.
Како што е познато, случајот доби политичка конотација и дополнително ги залади односите помеѓу официјално Скопје и Софија. Соседна Бугарија истиот го оквалификува како “национално мотивиран” односно дека причина за нападот е што Пендиков кој во времето кога се случи инцидентот беше секретар на сега веќе затворениот контроверзен бугарски културен клуб “Цар Борис Трети”, односно имал бугарска самосвест, поради што бил нападнат.
Осудените имаат право на жалба пред Апелациониот суд Битола.
OhridNews